Македонија останува хибриден режим, оценува Фридом хаус организацијата која за минатата година земјава ја оценила со 47 од можни 100 бода за степенот на демократија, а глобалната слобода е оценета со 68 од можни 100 бода.

Политичките права, како што пренесе ТВ Сител, се оценети со 29 од можни 40 бода, а граѓанските слободи со 39 од можни 60.

Последниот резултат е најдобриот кој земјава го добила во последните 5 години.

– Македонија и натаму продолжува да страда од корупција. Додека медиумите и граѓанскиот сектор учествуваа во динамичниот јавен дискурс, новинарите и активистите и натаму се соочуваат со притисоци и заплашување, се вели во преелиминарниот извештај.

Фридом Хаос како најслободни ги оценува земјите од Скандинавија кои имаат максимални 100 бода. САД имаат 83 бода, Русија е оценета како неслободна земја со 16 поени а Кина има само 9.

Најлоши меѓу најлошите на листата на Фридом Хаус се Судан и Сирија со по само еден бод, Туркменистан има два а Северна Кореја 3 поени.