Екипата на Шкупи е нов шампион во Првата македонска фудбалска лига. Трофејот се враќа во скопската населба Чаир по повеќе од две децении, кога Слога Југомагнат доминираше во македонскиот фудбал.
Шкупи на четири кола пред крајот на македонското првенство си ги обезбеди местото на тронот, бидејќи по денешните средби од 29. коло има недостижна предност во однос на конкурентите за највисок пласман.
Во историјата на домашното првенство Шкупи е девета екипа која успеала да го освои шампионскиот трофеј. Претходно тоа им успеа на Вардар, Силекс, Слога, Македонија ЃП, Шкендија, Ренова, Победа и Работнички.
Резултати на денешните натпревари во ПМФЛ:
Шкендија – Македонија ЃП 3:1
Шкупи – Ренова 2:0
Струга – Пелистер 4:0
Тиквеш – Борец 5:0.
Вчера:
Академија Пандев – Брегалница 2:1
Работнички – Скопје 0:1.
Табела: Шкупи 71 бод, Академија Пандев 58, Шкендија 56, Македонија ЃП 53, Брегалница 39, Струга 39, Ренова 38, Работнички 37, Тиквеш 30, Скопје 29, Борец 18, Пелистер 10.