Фудбалерите на Пари Сен-Жермен (ПСЖ) ја заверија на четири кола пред крајот на првенството десеттата шампионска титула во Франција, одигрувајќи синоќа пред своите навивачи на „Паркот на принцовите“ во Париз 1-1 против Ленс во рамки на 34 коло.

На ПСЖ и еден бод му беше потребен за да дојде до недостижни 16 бодови предност пред второпласираниот Олимпик Марсеј.

Лионел Меси во 68 минута ги доведе домаќините во водство со прекрасен удар од околу 23 метри, со што го постигна својот трет првенствен гол во дресот на ПСЖ.

Победничка прослава на шампионската титула во Париз спречи Корентин Жан со гол во 88 минута, но и голманот на Ленс, Жан Луис – Лека со неколку спектакуларни одбрани.