Во градското дерби одиграно попладнево на теренот „Петар Милошевски“ во тренинг центарот на ФФМ во Скопје, екипата на Македонија ЃП го совлада домаќинот Вардар со 2:0.
Стрелци на головите за „ѓорчепетровци“ беа Божиновски и Сефер Емини.
Вчера се одиграа другите четири натпревари од првото коло во сезоната 2019/20 во Првата македонска фудбалска лига.
Постигнати резултати:
Академија Пандев – Шкендија 1:0
Струга трим лум – Работнички 2:1
Ренова – Силекс 1:0
Шкупи – Борец 2:0. зс/