Манчестер јунајтед забележа убедлива победа над Челзи со 4:0 во дерби натпреварот од првото коло на англиската Премиер лига.

Головите за Јунајтед на натпреварот одигран попладнево на „Олд Трафорд“ ги постигнаа Маркус Рашфорд (два), Ентони Марсијал и Даниел Џејмс.

Претходно во текот на денот, Арсенал на гостински терен го совлада Њукасл со 1:0, додека Лестер и Вулвс одиграа нерешено 0:0.

Резултати на другите натпревари од 1.коло:
Тотенхем – Астон Вила со 3:1
Вест Хем – Манчестер сити 0:5
Борнмут – Шефилд јунајтед 1:1
Барнли – Саутемптон 3:0
Кристал палас – Евертон 0:0
Вотфорд – Брајтон 0:3