Фудбалската репрезентација на Бразил ќе игра во финалето на Олимписките игри во Токио. „Кариоките“ попладнево во првото полуфинале славеа победа над Мексико со 4:1 по изведување на пенали.
Резултатот по основните 90 и дополнителните 30 минути беше нерешен 0:0.
Бразилците се бранители на златниот медал од претходната Олимпијада во Рио де Жанеиро 2016 година.
Воедно ова е трето последователно финале за Бразилците кои во 2012 година на Игрите во Лондон загубија токму од Мексико 1.2.
Во второто полуфинале, денес од 13 часот ќе се соочат Јапонија и Шпанија.