На 10 јули 1960 година во Париз, репрезентацијата на СССР ја победи Југославија во финалето на Европското првенство во 1960 година со резултат 2:1.
Југославија поведе со голот на Милан Галиќ. Во второто полувреме Слава Метревели го изедначи резултатот, а во 113-та минута Виктор Понеделник го постигна победничкиот гол.
Турнирот во 1960 година беше првиот Европскиот фудбалски шампионат. На тоа Европско првенство учествуваа само четири репрезентации: СССР, Југославија, Чехословачка и Франција кои до завршницата дојдоа по квалификациите во кои се натпреваруваа 17 држави.