Дефанзивецот на Италија, Леонардо Бонучи, проговори пред финалето на Евро 2020 против Англија.

-Пред три години, нашиот пласман во финалето се чинеше како утопија, но дополнителната година искуство поради пандемијата, ни помогна. Имањето многу талент во средниот ред го олесни нашето патување до завршницата.

Англија има многу силни напаѓачи: брзи по крилните позиции и моќни во центарот, било да се тоа Кејн или Калверт-Левин. Кејн е еден од најсилните во светот. На почетокот на турнирот, веднаш реков дека Англија ќе биде еден од фаворитите за победа. Двајцата централни дефанзивци на Англија – Мегваер и Стоунс – имаат богато искуство играјќи за Манчестер јунајтед и Сити. Потребно е многу лукавство за да ги изненадите. Имобиле и Белоти мора да останат смирени. Кога не даваат гол, тие добиваат критики, но тие се многу важни во однос на тимската работа, истакна Бонучи.

Натпреварот Англија – Италија кој ќе одлучува за трофејот на ЕВРО 2020 ќе се игра утревечер од 21 часот на „Вембли“ во Лондон.