Светот вчера го изгуби и некрунисаниот крал на фудбалот, Бразилецот Едсон Арантес до Насцименто Пеле, откако пред две години си замина многу помладиот Аргентинец, Диего Марадона.
Пред две години, во 2020-та, кога прерано почина Марадона, Пеле го испрати својот голем пријател и, исто така, фудбалска легенда Марадона со емотивна порака:
– Еден ден, се надевам дека ќе играме заедно фудбал на небото, напиша Пеле.
Тој ден е вчерашниот. Легендата Пеле не е веќе меѓу живите, почина на 82-годишна возраст.