На 50 дена пред почетокот се продадени повеќе од 850 илјади билети за натпреварите на Светското фудбалско првенство за жени. Севкупно очекувањата се дека ќе се продадат рекордни 1,5 милиони билети.

Мундијалот за жени ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд од 20 јули до 20 август.

ФИФА очекува бројката од еден милион билети да биде достигната во рок од неколку недели.

Ова се најголеми бројки досега во историјата на турнирот. Во овој поглед, генералниот секретар на ФИФА, Фатма Самоура, ја нарече 2023 година „значаен момент за женскиот фудбал“.