Српска водителка на вести на Првата програма на јавната телевизиска го насмеа регионот со гаф во средината на известувањето за момчињата заробени во пештерата во северен Тајланд.

-Прогнозираните поројни дождови ќе го попречат нивното повлекување. Момчињата се полесно повредени, а преживеале така што пиеле вода која паѓала од „сталкатитот“, рече водителката и ги насмеа гледачите со неправолно изговорање на зборот сталактит.