Од 2015 година следам и известувам за тоа – како група неспособни политичари (десничари и левичари) и непријателски странски сили, си играат со животот и судбината на македонските граѓани, пишува во својата објава на Фејсбук, Ларис Гајсер, кој во италијанска Ла Верита ги објавува снимките за аферата Рекет.
– Од 2015 година следам и известувам за тоа… Слепилото на политичките елити заедно со злобниот меѓународен притисок ја доведоа Македонија до степен на корупција и опасно ограничен суверенитет. Сите мои сегашни написи и беседи беа во насока – да спречам Македонија да биде понижена, да ја предупредам ЕУ за нејзиниот погрешен пристап и за да ја спречам меѓународната заедница да направи неприфатлив преседан. Преседаните на Балканот ретко носат придобивки на меѓународната заедница. Јас не сум богат. Немам големи финансиски фондови за да спроведам експериментални револуции. Како и моите пријатели од „Ла Верита“, мразам глупост и манипулации, пишува Гајсер.
Натаму во постот додава:
– Ние верувме во човечката интелигенција и во слободата. И двете секогаш наоѓаат начин да испливаат на површина и да преовладат. Дури и по подолги периоди на понижување. Мојата надеж, денес, преку моите написи е да ги поттикнам добрите, се уште независни, слободни судии, кои навистина веруваат во владеење на правото, да ги истражат наодите и да направат од Македонија светол пример на стабилна земја. Одбегнувајќи да бидам инволвиран во меѓународни политички препирки, сакам само да дадам свој придонес во потрагата по вистината за да им помогнам на македонските граѓаните да најдат сила на патот кон успешна држава. Имајќи ги предвид комплексните геополитички промени, ние Европејците и’ должиме стабилност на Македонија, сигурност и историска мудрост. Наместо да биде вештачки изолирана, Македонија треба што поскоро да стане член на нашата несовршена Европска Унија, со што ќе не’ направи посилни и побогати!- пишува Гајсер во објавата.