Компанијата Галеника, која е дел од бразилската NC Групација, во првата половина на 2022 година забележа значително проширување на портфолиото на производи, раст на регионалните пазари и натамошна модернизација на своето работење. Галеника на македонскиот пазар оствари раст на продажбата од 24 отсто во однос на истиот период лани, додека вкупната продажба на пазарите во регионите каде што работи Галеника (Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија) е зголемена за дури 29 проценти. Компанијата месецов прослави 77 години успешен бизнис и лидерство во фармацевтската индустрија.

Во Србија и регионот годинава се регистрирани 10 нови производи, а во промет се пуштени 29, додека до крајот на годинава се планира да се пуштат уште 36 производи. Галеника успешно работи на 15 меѓународни пазари во Европа, Блискиот Исток и Африка. Шест производи се регистрирани на пазарот на ЕУ, каде е остварен првиот извоз на додатоци во исхраната, а се отворени канцеларии во Хрватска и Словенија.

Компанијата продолжува со понатамошна дигитализација на бизнисот. На годинешниот SAP натпревар, Галеника доби посебно признание со пласманот во првите 3 компании за квалитет на имплементација во регионот ЕМЕА (Европа, Среден Исток и Африка). Дополнително, започна проект за имплементација на софтвер за детално планирање на производството и предвидливо управување со ресурсите и материјалите (Material and Resource Planning), што дополнително ќе ја подобри ефикасноста на целиот синџир на снабдување, особено на полето на ефикасноста на производството и управувањето со залихите.

„Галеника, во годината кога одбележува 77 години од своето постоење, има постојан раст на српскиот пазар, како и на регионалните и меѓународните пазари каде што работи. Нашите производи се достапни на три континенти и тоа поради нивниот квалитет и актуелност за потрошувачите, како и добрата деловна политика. Во наредниот период нашиот фокус е на одржување на квалитетот, насочен развој на портфолиото и дополнително позиционирање на производите на пазарите во Централна и Источна Европа и регионот МЕНА“, изјави Рикардо Вијан Маркес, извршен директор на Галеника.

* * *

Фармацевтската компанија „Галеника“ е основана во 1945 година. По приватизацијата во ноември 2017 година, стана дел од NC Групацијата (www.gruponc.net.br), која ја вклучува EMS-најголемата фармацевтска компанија во Бразил и една од најголемите фармацевтски компании во цела Латинска Америка. Стратегијата на Групацијата е развој на Галеника како модерна и флексибилна компанија, насочена кон истражување и развој, која постојано работи на подобрување на своите производи за подобрување на здравјето и квалитетот на животот, на задоволство на корисниците.