Од ден на ден расте бројот на разочарани шарени револуционери, а многумина од нив денес се самопроколнуваат за тоа што го направиле, разочарани од тоа што направи СДСМ, која беше авангарда на поликолорната револуција.

Некои побучно, некои потивко, се повеќе тн. шарени револуционери сега се откажуваат од тоа што и го правеа и, за жал, и го направија на Македонија, која е доведена до денешното разнебитување – со сменето име, тендерски афери, национална историја на распродажба на соседите, побугарчувања на македонски револуционери, откажувања на се што било македонско во антиката во полза на Грција, неизведување на националната химна пред странски гости, пеење на химната од пејачка која ја пее по свое во амбасади итн.

Има една гадна клетва: По баење нема каење! Христијански е да се простува, но има дела кои се непростливи.

Еве подолу еден мал избор од шарени револуционери, а некои од нив денес ја проколнуваат и шарената револуција и патиките што ги движеле по улиците, по кои одеа и ја фарбаа Македонија.

Во покајаните има познати новинарски имиња, професори, академици, интелектуалци и обична пешадија, кои марширале во шарената револуција. „Револуцијата“ која за краток период ја извалка фасадата на Македонија, но и трајно нејзиниот идентитескиот образ.

(Д.Г.)