И денеска продолжува невремето што вчера ја зафати и Хрватска. Државниот хидрометеоролошки завод (ДХЗ) на Хрватска за целата територија на оваа земја издаде жолт и портокалов аларм. Најголемо невреме се прогнозира на крајниот исток и на југот од Хрватска.
– Бидете спремни на силни грмежи и невреме кое може да предизвика штети и заштитете се од молњи. Локално можни се буици, силни удари од ветер и град, се вели во портокаловото предупредување.
На повеќе места долж Јадранот во изминатава ноќ имаше невреме со спектакуларни глетки од молњи и удари на громови, што може да ги погледнете во галеријата со слики.