Културно-туристичка манифестација „Галичка свадба“ 2019-та, годинава ќе се одржи од 12 до 14 јули, а за зет и невеста, Месната заедница Галичник ги избра Огнен Караѓозовски, по потекло галичанец и Марина Петровска.

Младенците ќе ја крунисаат својата љубов со традиционалните обичаи како што се одење по вода, ората Невестинско, Тешкото, бричење на зетот и други.

Галичка свадба е најзначајниот настан од Галичкото културно лето и се организира по повод празникот Петровден.

Карактеристична е по автентичните свадбарски адети на Галичник и носијата на невестата, тешка 25 килограми, составена од педесетина делови.