Британскиот премиер Риши Сунак се соочува со нов судир на интереси пред самитот на Г-20 следниот месец во Њу Делхи поради наводите дека неговото семејство може финансиски да има корист од трговскиот договор по Брегзит за кој преговара со Индија, пишува „Гардијан“.
Пратениците и експерти за трговија велат дека постои загриженост на највисоките нивоа на власта во врска со потенцијалните прашања за „транспарентност“ во врска со уделот на неговата сопруга Акшата Мурти од речиси 500 милиони фунти во огромната компанија за ИТ и консултантски услуги „Инфосис“ со седиште во Бенгалуру, според лондонскиот весник.
Лабуристите и претседателот на Комитетот за бизнис и трговија на Долниот дом на Парламентот го повикаа синоќа премиерот да биоде отворен во врска со финансиските интереси на неговата сопруга, со оглед на тоа дека „Инфосис“ може да биде клучен корисник од каков било договор.