Најмалку 30 лица се повредени во невреме во местото Кисинг во Баварија, на околу 10 километри југозападно од Аугсбург во јужна Германија, јавија локалните медиуми.

Невремето проследено со силни ветришта урна шатор во кој се служело пиво, при што шест лица се здобиле со сериозни повреди додека се обидувале да го задржат шаторот и покрај силните налети на ветерот, пишува весникот „Аугсбургер Алгемајне“.

Итната помош ги згрижила повредените и повикала хеликоптер да ги пренесе тие со посериозни повреди.