Арктикот последниот месец е зафатен со големи пожари, кои се протегаат од Гренланд преку Сибир со Аљаска, а штетата е огромна.

Од јуни до крајот на јули на подрачјето на Арктикот се регистрирани повеќе од 100 пожари.

Како што пишува „Гардијан“, станува збор за пожари кои се толку масивни што се гледаат и од свемирот.

Најлоша е состојбата на Аљаска и Сибир, каде што пожарите се најголеми, некои со толкави размери што зафаќаат површина на која можат да се сместат 100.000 фудбалски терени.

„Гардијан“ наведува дека овие пожари би можеле да ги забрзаат климатските промени.

Во текстот се додава дека пожарите испуштаат штетни загадувачи на воздухот, вклучувајќи и честички од отровни гасови како што е јаглен моноксид.

Во Русија 11 од 49 регии се зафатени со пожари.

Според извештај на НАСА, пожарите создаваат штета и на подрачјата кои не се директно зафатени и влијаат на квалитетот на воздухот.

Атмосферскиот научник Сантијаго Гасо на Твитер објави дека сибирските пожари формирале густ чад кој се протега преку четири и пол милиони километри квадратни во северна Азија.