Познатиот зоолог Џејн Гудал, пријателка на принцот Хари и Меган Маркл, во една прилика неодамна изјави дека тој се откажал од лов, оти на сопругата не ѝ се допаѓа тој „спорт“, пренесува „Гардијан“.

И двајцата синови на британскиот престолонаследник – принцот Чарлс, до пред неколку години беа познати со својата љубов кон ловот.

Во медиумите во 2014 година, се појави стара слика на Хари, како гордо стои над бивол што тој го убил во Африка. Во тој миг, сите знаеја оти браќата Вилијам и Хари се на лов на елени и диви свињи во Шпанија.

Оттогаш принцовите си го променија имиџот и сега за многумина важат за заштитници на дивата природа и животните во неа.