Освен политичкото самоубиство, лидерите на СДСМ и ДУИ ја убија и европската иднина на Македонија, вели лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.
Тој во синиќешното интервју за ТВ Алсат рече дека „бруталното прекршување на договорот што го постигнале во 2021 година со акс премиерот Зоран Заев ја натерало Алтербатива да ја напушти власта.
Гаши во гостување на ТВ Алсат рече дека е залудно додворувањето од премиерот Димитар Ковачевски и дека соработката со СДСМ е дефинитивно завршена. Гаши рече дека договорот меѓу СДСМ, ДУИ и Алијансата бил многу затворен и оти немал информации што се случува.
– Тие го затворија процесот и немаа храброст да ни кажат дека сè е завршено. Имаше смешна понуда каде имаше многу малку позиции кои ние како позиции не само што имавме причини да имаме власт, туку тоа беше дел од договорот кој беше гаранција за спроведување на постигнатиот договор, рече Гаши.
Зборувајќи за обвинувањата на неговиот поранешен сопартиец Скендер Реџепи-Зејди дека Алтернатива ја напушта Владата само поради Министерството за здравство и оти тој сега останува единствен претставник на гласачите на Алтернатива во Владата, Гаши одговори дека Реџепи не бил дел од договорот за владеење.
– Во моментот кога влеговме во Владата и Ковачевски и Заев знаеја дека разговараме со тројца пратеници и еден пратеник се договори на своја рака со Заев. Значи тој пакет и овој договор е потпишан за тројца пратеници. Тие добро знаат, додава Гаши.
Гаши вели дека е песимист за процесот на уставни измени, додавајќи дека Ковачевски и Ахмети, „освен политичкото самоубиство, ја убиле и европската иднина на државата“.