Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Во честитката Гаши истакнува дека 23 Октомври не потсетува на стремежот за правата, еднаквоста и општествената организираност во едно значајно историско време.
-Овој ден ни нуди можност да размислиме за патот што го поминавме како држава и за нашата заедничка посветеност кон подобра иднина за сите наши граѓани, порачува претседателот на Собранието.
Тој нагласува дена во време на предизвици, важно е да го одржиме жив дијалогот, почитта и демократските вредности кои нè обединуваат како општество.
-Само преку соработка и инклузивност можеме да изградиме посилни институции и поправедна и поинклузивна држава. По тој повод, посакувам овој ден да ни биде повик за единство, граѓанска посветеност и заедничка заложба за иднината на нашата земја. Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, стои во честитката на претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Фото: Архива