Пратеникот Бојан Стојаноски беше во посета на село Никиштани со Претседателот на Собранието Африм Гаши и кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Денес, заедно со Претседателот на Собранието Африм Гаши и Градоначалникот Александар Стојкоски, остваривме средба со жителите на село Никиштани. Нашата визија е јасна – градиме за сите луѓе, без разлика на припадност, а Ѓорче Петров останува општина на сите граѓани.
Ние сме тука да решаваме проблеми, затоа што Македонија треба да биде поубав дом за сите граѓани кои што живеат во неа. Градоначалникот Александар Стојкоски уште еднаш покажа дека не дели ниту еден човек, затоа што човекот е во центарот на неговото делување, потенцира Стојаноски.
Продолжуваме со нови проекти, нови идеи и силна посветеност во вториот мандат. За нас, политиката е можност да им помагаме на луѓето и да создаваме подобри услови за живот – во секое маало, во секое село, во секој дом, објави Стојкоски.