Влегувањето во политиката не го гледам како шанса за полнење џебови, рече лидерот на Алтернатива, Африм Гаши и појасни дека во младоста формирал музички бенд кој се викал „Празни џебови“.
На прашање, пак до Гаши, што ќе каже сега збунетиот албански гласач кога тој „договорил да си ги наполни џебовите партиципирајќи во централната власт“, а веќе кажа дека на локално ниво ќе соработува со опозицијата, Гаши одговори:
– Јас како млад учествував во формирање бенд „Празни џебови“. Не го сметам влегувањето во политиката за полнење џебови. Се додека така мисли јавноста, успех нема да има, одговори Гаши.
Тој претходно вети дека нема да биде политичар што уценува, особено не за прашања од највисок интерес за државата.
– Јас никогаш нема да уценувам, рече новиот коалиционен партнер на Заев во Владата.