Само неколку дена, додека имаше ветер, владиниот План за чист воздух даваше резултати.
Денеска истата песна за загадениот ајро, новото име што воздухот го доби на митинзите на кои актуелната власт во предизборието ветуваше чист воздух за сите, а бившиот премиер Зоран Заев чист ајро и за скопски Аеродром.
Денеска Скопје е во светскиот врв по загаден воздух, а ништо не се почисти ни Струмица, Тетово, Кавадарци, Куманово итн.
Нема ниту една мерна станица во Македонија во која вечерва во 20 часот не е регистрирано зголемен број на штетни ПМ 10 честички во воздухот. Во гасифицирана Струмица речиси дури девет пати над дозволеното ниво.
Подолу ја објавуваме графиката со измерените вредности од кои се гледа дека во опасен црвен круг се речиси сите градови во Македонија каде што се мери концентрацијата на штетни материи во воздухот.
(Д.Г.)