Гасоводот „Северен поток 2“ меѓу Русија и Германија треба да заврши за неколку недели, соопшти операторот.
– Очекуваме градежните работи да завршат до крајот на август“, изјави шефот на Северен поток 2, Матијас Варниг, за германскиот весник „Ханделсблат“.
– Досега се завршени 98 процент од гасоводот. Двата проценти што сè уште недостасуваат се однесуваат на една од двете линии. Втората линија е завршена“, изјави Варниг.
Според него, целта е гасоводот да почне со работа оваа година.
Гасоводот долг 1.200 километри го преминува Балтичко Море и ќе може да пренесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, заобиколувајќи ја Украина.