Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини зборуваше во пресрет на натпреварот со Интер во Серија А, кој е закажан за 16 јануари.
– Тоа ќе биде натпревар на највисоко ниво. На Интер му оди одлично, ама и ние сме во добра форма, и покрај неколку лоши моменти на крајот од минатата година. Ни претстои натпревар во Купот на Италија со Венеција, а потоа ќе се фокусираме на Интер. Не размислувам за Скудетото, но сакам да се соочиме со најдобриот тим во Серија А во моментов, изјави Гасперини.
По 20 одиграни натпревари во Серија А, Интер е лидер на табелата со 49 бода, Аталанта е четврта со 41.