Тренерот на Милан, Џенаро Гатусо, пред натпреварот од 22. рунда од првенството на Италија против Рома изјави дека неговиот клуб треба да биде многу внимателен.

На 30 јануари, римјаните доживеаја пораз од Фиорентина во натпреварот од четвртфиналето на Купот на Италија (1:7).

-Можеби Рома во моментов не се наоѓа во најдобра форма, но тие се уште се многу силен тим. Постигнуваат многу голови. Треба да бидеме внимателни. Имаме тежок натпревар портив ранет ривал кој ќе се обиде обединет да излезе од кризата, изјави Гатузо.

Натпреварот се игра утревечер од 20:30 часот на „Олимпико“ во Рим.

Милан е на 4. место со 35 бодови, Рома е петта со бод помалку.