Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Келафи е обвинет за „активна корупција“ во истрагата за сомневања за корупција на маргините на кандидатурата на Доха за Светското првенство во атлетика за 2017 и 2019 година, објави весникот „Паризиен“.
– Случајот нема никаква врска со фудбалот е дел од судската истрага иницирана од Националното финансиско обвинителство (ПНФ) за “корупција” и “перење пари со отежнувачки околност”, чија цел, меѓу другото го опфаќа и доделувањето на Светското првенство во атлетика во Катар, јавува дописникот на МИА.
Во ова досие, кое нема никаква врска со фудбалот, Ал-Келафи беше сослушан со статус на помаган сведок на 20 март, како што откри интернет порталот за информации „Медиапар“.
Истрагата се забрза со неодамнешното обвинување на првиот човек на медиумската група од Катар- Беин, Јусуф Ал Oбаидли и на поранешниот претседател на Меѓународната федерација за атлетика Ламин Диак.
Париски финансиски истражни судии го обвинија првиот за “активна корупција” на 28 март. Според информациите на француските медиуми, вториот, кој се досега беше под статусот на помаган сведок, во меѓувреме е обвинет за “пасивна корупција”.