До крајот на декември ќе потечат првите количини гас преку Турски поток, најави заменикот на извршниот директор на Газпром, Олег Аксјутин.

– Очекуваме испораките на гас преку Турски поток да почнат до 31 декември. Очекуваме во ноември да бидеме целосно подготвени, така што наша цел е последниот дел од декември, рече тој.

Проектот Турски поток предвидува изградба на гасовод преку Црното Море до европскиот дел на Турција и понатаму до границата со Грција.

Испораката на гас преку првиот крак на гасоводот би требало да го задоволи растечкиот турски пазар, а преку другиот крак, како што е планирано, гас би требало да се испорачува до земјите од јужна и југоисточна Европа.

Газпром гледа на Грција, Италија, Бугарија, Србија и Унгарија како на потенцијални пазари.

Турски поток е мегапроект кој го сочинуваат два краци гасовод, со кој рускиот гас ќе биде испорачуван во Турција, а преку неа и во Европа.

Двата краци имаат капацитет од по 15,75 милијарди кубни метри гас.