Двајцата главни службеници на Светската здравствена организација што беа задолжени за борбата против коронавирусот, како и поранешната француска министерка за здравство, Агнес Бузин, задолжена за мултилатералните прашања, наредната седмица ќе ги напуштат нивните позиции во СЗО.
Индискиот педијатар и клинички лекар, Сумја Сваминатан, ја напушта функцијата научен шеф на СЗО, а Бразилката Маријанџела Симао ја напушта функцијата заменик-генерален директор задолжен за пристап до лекови. Обајцата беа дел од високите претставници на Светската здравствена организација што ги предводеа глобалните напори за координирање на одговорот на пандемијата на Ковид-19.
Организацијата ја напуштаат и поранешната француска министерка за здравство, Агнес Бузин, задолжена за мултилатерални прашања, како и поранешната британска министерка Џејн Елисон, извршен директор за надворешни работи и управување.
Претседателот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, со писмо ги информирал колегите за заминувањата, како дел од реконструкцијата на неговиот менаџерски тим по неговиот реизбор за втор петгодишен мандат во мај.
„Сакам да го изразам своето признание и почит до членовите на мојот менаџерски тим чиј мандат истекува на 30 ноември“, се вели во своето писмо Гебрејезус. Нема најави за нови именувања.