Бугарската министерка за надворешни работи Генчовска изјавид ека ќе преземат мерки против говорот на омраза во Македонија, а појасни дека мерките ќе бидат дипломатски, односно ќе биде повикан македонскиот в.д. амбасадор во Бугарија и ќе му биде предадена протестна нота.
Бугарија ќе преземе мерки против говорот на омраза во последните денови во С Македонија, како што секогаш правевме, рече бугарската министерка за надворешни работи во оставка, Теодора Генчовска, одговарајќи на новинарско прашање, пренесува БГНЕС.
Генчовска појасни дека мерките ќе бидат дипломатски, односно ќе биде повикан в.д. амбасадорот во Бугарија и ќе му биде предадена протестна нота.
На прашањето на БГНЕС дали се прецизирани протоколите и кога бугарското општество ќе може да се запознае со нив, министерката Генчовска одговори:
„Имаме џентлменски договор со министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, дека денот кога ќе бидат подготвени ќе се случи тоа. Се надевам дека тој ќе се придржува до тоа, јас се придржувам до тоа. Нема да ги отвораме текстовите. Бидете сигурни дека со нив целосно се гарантира националниот интерес и целосно се почитуваат одлуките на Народното собрание“,
Генчовска вели дека македонските власти се заинтересирани работите да се случуваат многу брзо бидејќи многу земји членки на ЕУ веќе зборуваат за одвојување на процесот за членство во ЕУ за С Македонија и Албанија.
Таа рече уште и дека топката е директно во теренот на Македонија.
На прашањето дали Бугарија е заинтересирана за одвојување на двете земји на нивниот пат кон ЕУ, шефицата на бугарската дипломатија рече дека процесот се базира на конкретни резултати.
„Ја поддржуваме Албанија, и покрај разговорите што ги гледаме од албанските власти во последно време. На крајот ќе одлучат земјите членки“.