Генералот Марк Мили, претседател на Здружениот комитет на началници на штабови на американската армија, изјави дека е зголемен ризикот од голем конфликт меѓу светските сили, пренесе Тасс.
-Сега се соочуваме со две светски сили – Русија и Кина. Секоја од овие земји има значителен воен потенцијал и е немилосрдно решена да го промени сегашниот поредок заснован на правила, им кажа генералот Мили на дипломираните студенти на Воената академија Вест Поинт.
„САД влегуваат во свет што станува сè понестабилен. Светот во кој влегувате има потенцијал за голем меѓународен конфликт меѓу големите сили. Тој потенцијал расте, а не опаѓа“, рече генералот.