Гласачите кои на избирачките места се појавија со костими за капење дефинитивно се нешто што го одбележа изборниот ден во Австралија.

Светските медиуми објавија низа фотографии, а и на социјалните мрежи може да се видат голем број луѓе како на изборите се појавија со костими за капење или даски за сурфање.

Причината за ова е следна. Имено компанија која произведува костими за капење „Баџи смаглер“ понудила бесплатен пар костим за капење за сите кои на изборите ќе излезат во своите стари костими од нивната компанија.

Луѓето за кои оваа идеја била прифатлива, и покрај студеното и врнежливо време, се појавија баш така на изборите.