Ни боде очи оној споменик во Липково кој е далеку од очите за нас Македонците, а во Чаир од пред шест-седум години има двоглав орел, вели поранешниот генерал, сегашен директор на ЦУК и претседател на Достоинство, Стојанче Ангелов.

– Кај нас законот не се почитува на неколку нивоа и тоа неколку децении наназад. Тоа е наша слабост, рече Ангелов, кој беше гостин во емисијата Студио 10 на ТВ 24.

Ангелов посочува дека нема проблем што споменикот во Липково е кренат во чест на загинатите борци на УЧК.

– Мене не ме повредува кога мојот воен непријател ги чествува загинатите од неговите редови напротив тоа го очекувам ние да ги чествуваме нашите загинати, тие нивните загинати. Тие луѓе биле мои воени непријатели ние сме ги убивале. Луѓето се бореле за тоа во кое што веруваат, а јас сметам дека тоа за мене е погрешно, вели некогашниот генерал Ангелов.

Тој додава дека Албанците своите права би ги добиле и без воеин дејствија.

-Се чуствувам како победник. Ние македонските сили во 2001 година воено победивме. Јас не верувам дека таа битка беше поради човековите права, рече Ангелов.