На заседанието на Генералното собрание на Интерпол во Дубаи, ниту во првиот ниту во вториот круг, Косово не доби двотретинско мнозинство, што е потребно за нов член.

Како што јавуваат српските едиуми, во првиот круг „за“ прием на Косово гласале 76, против биле 56, а 22 членки биле воздржани.

Против приемот на Косово во Интерпол во вториот круг гласале 51 држава, 68 биле за, а 16 воздржани.

Во расправата која претходела на гласањето, во полза на Србија за збор се јавиле Шпанија, Мароко, Кипар, Кина, Белорусија, Русија, а поддршка за Косово дале Намибија, Романија, Венецуела и Суринам.