Поранешниот бугарски претседател Георги Парванов, во гостување на националната бугарска телевизија БНТ изјави дека за проблемите околу личноста на Гоце Делчев било алармирано уште пред неколку месеци. Според него, заедничката историска комисија меѓу Бугарија и Македонија е осудена на пропаст. Тој е скептик на работата на комисијата, бидејќи немала јасен мандат. Прванов како пример го посочи договорот меѓу Грција и Македонија, во кој, како што рече, сè е запишано до секој детал.

Тој бара да се разјасни што значи концептот на „заедничка историја” во договорот меѓу Софија и Скопје.

„Во Скопје мора да признаат дека македонската државност се создала врз вековната сила на бугарската држава. Бугарската борба за слобода доведе до создавање на македонската држава“, изјави Прванов.

Тој додаде дека Македонија треба да стане членка на ЕУ и НАТО, а за македонските медиуми вели дека ја повторно се вмешани во агресијата кон Бугарија.