Ништо не е загубено. Очекувавме тежок меч со Чешка како што е секогаш со нив. Нијанси решаваа, се боревме до самиот крај, дадовме максимум, но тие победија. Мора да бидеме оптимисти, мислам дека селекцијата на Австрија повеќе ни одговара отколку Чешка. Треба добро да ги анализираме, да се подготвени па ќе видиме, изјави десното крило на македонската ракометна рапрезентација, Гоце Георгиевски, по пораѕот од Чешка.
Со Австрија играме во вторник од 18 и 15 часот. Нам ни одговара само победа.