Не сакам екстремни мерки, но можеби треба да одиме до таму, да наметнеме вето за да се отрезнат овие политичари и не го исклучувам тоа, истакна за бугарска Нова претседавачот на 39-то Народно собрание на Бугарија, Огњан Герџиков.
Причина за тоа е „ескалацијата на тензиите против Бугарите во РСМ“.
– Бугарија не можеше на светот да му ја покаже состојбата на односите и историската вистина со РС Македонија, додека тоа го правеа Македонците. Работите се длабоко вкоренети долго време. Во Македонија се разви посебен шовинизам, антибугарски чувства. Ова е многу деликатна тема, тука е потребен многу дипломатски пристап. Губат повеќе, со оваа конфронтација им го пресекуваат или барем го одложуваат патот кон ЕУ. Зошто да отстапиме од имињата на бугарските културни клубови – Ванчо Михаилов и Цар Борис Трети, праша Герџиков.