Во Германија, заштитните маски, кои се носеа за време на пандемијата на коронавирус, наскоро би можеле повторно да станат задолжителни. Германските медиуми јавуваат дека членот на Зелените, Јанош Дамен предлага повторно да се носат маски.

„Бројот на заразени со коронавирус повторно се зголемува и носењето маски повторно има смисла, особено во постудените месеци“, рече Дамен.

Претседателот на Германското лекарско здружение смета дека и маските и вакцините имаат смисла оваа есен.

„За да се заштитите од акутни респираторни заболувања, можеби ќе има смисла оваа есен да носите заштитна маска во установите за нега, клиниките и другите делови на здравствениот систем“, објаснува Дамен, пренесува магазинот „Феникс“.

Тој додава дека во текот на оваа есен и зима здравствениот систем во Германија би можел повторно да биде оптоварен, а повозрасните ги советува да се вакцинираат.

И покрај зголемувањето на бројот на заболени од коронавирусот, овој број е сè уште низок, а германските медиуми пишуваат дека граѓаните нема за што да се грижат.

Германија, потсетува магазинот „Феникс“, е една од последните земји во Европа каде што беа укинати мерките што беа на сила за време на пандемијата.