Фармацевтскиот гигант Баер планира да укине 12.000 работни места ширум светот, од кои најголем дел е во Германија, соопшти денеска компанијата.

Фирмата со седиште во Леверкузен во јуни склучи договор за купување на фармацевтската компанија Монсато, вреден 63 милијарди долари.

Баер се соочува со буица од тужби во американските судови поради користење на глифосат, состојка која е пронајдена во Монсантовото средство за уништување на плевел рундап, за кое се верува дека е канцерогено, пренесува ДПА.