Германската армија ќе испрати медицински лица и опрема во Португалија, јави ДПА.

Причината е што таму местата во одделите за интензивна нега се исцрпени поради драстичниот раст на заразените со коронавирусот.

Португалија вчера побара помош од германската Влада.

Со 12.179 смртни случаи и 711.018 заразени со Ковид-19 државата е рангирана на првото место во светот во последната недела во однос на растот на нови инфекции и смртни случаи по глава на жител.