Германскиот бруто домашен производ во третиот квартал од годинава нарасна за рекордни 8,5 проценти, закрепнувајќи се од невидениот пад што пролетва го предизвика првиот бран на пандемијата од Ковид-19, соопшти денеска Централното биро за статистика – Дестатис.
Британските медиуми пренесуваат дека конечниот индикатор за економски раст во третиот квартал е ревидиран нагоре во споредба со претходната брза проценка, кога беше објавено дека растот ќе биде 8,2 проценти.
Во вториот квартал германското БДП опадна за 9,8 проценти.