Врховниот суд на Германија го доведе во прашање законот за забрана на бракови на малолетни лица и побара проверка на неговата уставност, јавуваат денеска германски медиуми.
Врховниот суд заклучил дека законот за забрана на бракови со малолетници донесен во 2017 година како реакција на големиот број бегалци од култури во кои такви бракови се вообичаени, е неспоив со уставните одредби за заштита на семејството и бракот.
Според тој закон, сите бракови со малолетни лица или меѓу малолетни лица во Германија се неважечки по автоматизам. Врховниот суд смета дека и новиот закон отвора опасност од полигамија.