Комитетот за источноевропски прашања и претставници на германските бизниси во Источна Европа денес остро ја критикуваа политика на санкции од САД.
„Објавувањето на санкциите против европски компании е спротивно на правилата на Светската трговска организација и на меѓународното право“, вели Михаел Хармс, извршен директор на Комитетот.
Тој додава дека избраните претставници на Вашингтон не можат да решаваат кои компании можат да бидат бизнис партнери на германски компании.
Хармс истакна дека иако ЕУ и германската Федерална влада се обиделе да влијаат врз Вашингтон, сепак, нивните можности се ограничени. Од друга страна, како што кажа тој, некои компании претходно веќе ги прекршиле американските санкции кон руските олиграси како што се Виктор Вешелсберг и Олег Дерипаска.
Што се однесува до проектот за гасоводот Северен тек 2, кој исто така е напаѓан од Вашингтон, не можат да се икслучат длабински санкции и кон компании како што се БАСФ и Унипер. Хармс рекол дека за ова не бил свесен и му било дадено ветување од Вашингтон дека санкции нема да се воведат за проекти кои се во тек. Но Хармс додава: „Ако сега е јасно дека ќе има санкции, во тој случај нема веќе економска логика“.
Тој застана во одбрана на изградбата на гасоводот и притоа рече дека тој е потребен за производствотото на гас од шкрилци во Холандија и за потребите на Велика Британија. Исто така ќе бидат потребни цевки и за Украина која за транспортни трошоци секоја година добива по 2-3 милијарди евра.
Истот ака како позитвно е оценето тоа што Русија и Украина се договориле во јули да почнат преговори за нови транспортни договори, а тоа прашање ќе биде на маса и на средбата Путин-Трамп, објави „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.