Блиската соработничка на германската канцеларка Ангела Меркел и една од кандидатите за нејзин наследник на функцијата лидер на владејачката Христијанско демократска унија (ЦДУ), Анегрет Крамп-Каренбауер предложи доживотна забрана за влез во Европа на мигрантите кои ќе бидат осудени за сериозни кривични дела.

Во изјвава за весникот „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“, Крамп-Каренбауер нагласи дека таквата забрана би се однесувала на мигранти кои ќе бидат депортирани од земјите членки на Шенген зоната по отслужувањето на затворските казни за сторените кривични дела.

Таа како пример за лица кои би требало да бидат опфатени со оваа забрана ги посочи неколкумината Сиријци, кои минатиот месец беа обвинети за силување во германскиот град Фрајбург.