Германското разузнавање предупреди дека терористичката организација Исламска држава може да организира напади во Европа.
Директорот на Федералната служба за заштита на Уставот (БфВ) Томас Ханделванг првпат беше домаќин на годинешниот симпозиум на службата за надворешно разузнавање во Берлин.
Ханделванг рече дека никој не треба да биде во заблуда за воениот пораз на Исламската држава во Сирија.
Организацијата продолжува да дејствува, а пример за тоа се нападите во Шри Ланка, каде што загинаа стотици луѓе.
-Продолжува ширењето на пропаганда од страна на поддржувачите на Исламската држава и таа пропаганда повикува на напади врз цели на Запад, истакна директорот на БфВ.
На средбата на разузнавачите беше опфатена и темата за ултрадесничарскиот и ултралевиот екстремизам.
-Ултрадесничарите користат одредени проблеми за да им се приближат на граѓаните кои не се нивни приврзаници и ја трујат атмосферата со пропаганда и дезинформации, изјави Хенделванг.
Ксенофобичните протести во Кемниц по смртта на еден Германец се типичен пример, вели шефот на БфВ. Осомничени беа Ирачанец и Сириец, а протестите траеја со денови.