Германија соопшти дека евентуалната американска војна против Иран „нема никаква врска со НАТО“.

Германската влада предупреди дека проширувањето на борбените операции би носело големи ризици за партнерите на Блискиот Исток и Заливот, пишува „Анадолија“.

„Тоа не е војна на НАТО. НАТО е одбранбен сојуз“, изјави портпаролот на владата Стефан Корнелиус пред новинарите во Берлин.

„Германската влада исто така мора јасно да ги процени ситуацијата на територијата на алијансата и сопствената позиција за учество во оваа војна“, додаде тој.

Тој нагласи дека ескалацијата на конфликтот би ги загрозила регионалните партнери. „Проширувањето на борбените операции би носело големи ризици за другите партнери на Блискиот Исток и Заливот“, рече тој.

Германската влада претходно неколкупати изјави дека нема да учествува во американската војна против Иран.

Фото: Архива