Неколку лица беа повредени синоќа во напад со нож во западниот германски град Оберхаузен. Осомничениот за нападот е уапсен.
Германскиот протал ВАЗ наведува дека повредените се во критична состојба и се на интензивна нега. Самиот напаѓач е повреден и хоспитализиран.
Портпаролот на полицијата Кристоф Викхорст не даде информации за мотивите на злосторството.
Полицијата во Оберхаузен побара помош од колегите од Есен за да се обезбеди местото на злосторството.