Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер ја поддржува дебатата за намалување на старосната граница за гласање во Германија од 18 на 16 години.
Штајнмаер, член на Социјалдемократската партија (СПД) и поранешен министер за надворешни работи, за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ изјави дека долго време бил скептичен, но дека имало голема демографска промена со зголемен удел на повозрасни лица во електоратот.
Во ваква ситуација, мислам дека не е потребно, но советувам дека треба да се размисли дали треба да се избалансира со намалување на старосната граница за гласање на 16 години и за федерални избори, посочи Штајнмаер.
На прашањето што мисли за продолжување на мандатот на пратениците од четири на пет години, Штајнмаер истакна дека може да види „голема придобивка во тоа што на Бундестагот му се даде повеќе време за законодавната работа“.